Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Усвоен буџетот на општина Дебар за следната година во износ 524 милиони денари

Советот на Општина Дебар на петтата редовна и за годинава последна седница,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Дебар на петтата редовна и за годинава последна седница, со која раководеше претседателот Африм Кркути, го разгледа и усвои Предлог-буџетот на општината за 2026 година.

За буџетот кој е проектиран на 524 098 326 денари со планиран дефицит од 68 милиони денари, гласаа 14 додека против беше еден советник од ДУИ.

Во делот на приходите максималниот износ е предвиден кај дотациите кои се проектирани на над 289 милиони, даночни приходи 85,3 милиони, трансфери над 121 милиони, капитални приходи 7,1 и приходи од донации 1,75 милиони денари.

Реклама

-Буџетот има развоен карактер, со посебен фокус на унапредување на комуналната инфраструктура и јавните услуги. Во рамки на овој буџет се планира реализација на капитални и стратешки проекти, кои претставуваат дел од вкупните проекти предвидени со овој документ, рече Кркути.

Како што најави градоначалникот Фисник Меља, предвидена е и изработка на долгорочна стратегија за развој на туризмот, како и многу други проекти од директен интерес за граѓаните. Тука секако изработка на урбанистички план, кој му е неопходен на Дебар.

-Како локална власт продолжуваме со јасна визија кон реализација на проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот на граѓаните и создаваат подобри услови за одржлив развој. На сите граѓани во општината и пошироко и на нашата дијаспора им посакувам среќна Нова 2026 година, со желби за здравје, среќа, благосостојба, со обвrска дека општината ќе ја изградиме во место какво што посакуваат и заслужуваат, порача Меља.

На седницата, членовите на советот разгледаа и други прашања од нивна надлежност.