Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Уставниот суд ќе дискутира и ќе одлучува по 11 иницијативи за закони, правилници и колективни договори

Уставниот суд на денешната седница ќе дискутира и одлучува по 11 иницијативи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд на денешната седница ќе дискутира и одлучува по 11 иницијативи за оценување на уставност и законитост на акти, едно барање за заштита на слободи и права на граѓанин и усвојување една конечна одлука и девет нацрт-решенија. 

На дневен ред се оспорените одредби од Законот за општата управна постапка, Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Законот за судовите, Законот за судскиот буџет, Законот за облигационите односи, како и повеќе правилници и колективни договори.

Судот ќе расправа и за иницијативи што се однесуваат на Законот за железничкиот систем, Законот за јавната чистота, како и за одлуката за донесување детален урбанистички план во општина Охрид.

Реклама

Пред уставните судии ќе се најде и предметот по барање за заштита на слободите и правата на граѓаните вбо согласност со член 110 алинеја 3 од Уставот, поднесен од политичката партија Левица, која наведува дискриминација по основ на политичка припадност.

Подносители на иницијативите се физички лица, адвокати, правни субјекти и политички партии.