Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Уставен суд: Законот за јазиците ќе се разгледува во целосен состав

Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за употреба на јазиците ќе биде ставен на седница на која ќе присуствуваат сите девет уставни судии, со оглед на значењето и интересот во јавноста, информираат од Уставен суд.

Оттаму дополнуваат дека тоа нема да биде во октомври, бидејќи е најавено отсуство на дел од судиите. Веднаш штом ќе биде ставен на дневен ред, јавноста ќе биде информирана, велат од Уставен суд.

Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, а е оформен од 2019 година.

Реклама

„Со Законот за јазиците политиката создаде своевиден правен хаос, кој резултираше со политички хаос, недоверба, дилеми. Јавноста веќе го виде и извештајот на Венецијанската комисија. Уставниот суд е на потег не за мудра, туку да донесе уставно-правно втемелена и аргументирана одлука. Што би можело да се одлучи, не знам и не можам да знам и нема да коментирам“, кажа во интервју за МИА претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Собранието во март 2018 година го донесе новиот Закон за употреба на јазиците, со кој се проширува службената употреба на албанскиот јазик во целата држава. Претходниот закон го дефинираше албанскиот јазик како официјален јазик, но само на територијата на која Албанците сочинуваат повеќе од 20 проценти од локалното население.