Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Успешна крводарителска акција во Делчево со 87 единици крв

Во Делчево денес се одржа крводарителска акција организирана од Општинската организација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчево денес се одржа крводарителска акција организирана од Општинската организација на Црвен крст – Делчево, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Акцијата се реализираше во просториите на Црвениот крст, а граѓаните покажаа голема хуманост, со што беа собрани вкупно 87 крвни единици.

Претставниците на Црвениот крст изразија благодарност на сите кои се одзваа на денешниот повик за хуманост.

-Секоја единица крв е можност за спасување на човечки живот. Благодарни сме на сите кои се одзваа на оваа повик за хуманост, а особено на младите и редовните крводарители кои со својата поддршка ја покажуваат вистинската сила на заедништвото. истакнаа од Црвен крст Делчево.

Реклама

Акцијата е дел од редовните напори на Црвениот крст за обезбедување доволни залихи на крв, особено за потребите на болниците во земјата.

-Хуманоста и солидарноста што ја покажуваат граѓаните е суштинска за спасување животи и поддршка на пациентите во критични ситуации. Акциите како оваа покажуваат дека хуманоста не познава граници – заедно можеме да направиме значителна разлика во животите на оние кои најмногу ни се потребни, додадоа од делчевската организација.

Оттаму информираа дека утре (петок, 6 февруари 2026) ќе се спроведе нова крводарителска акција во Делчево, овојпат со учество на полицијата и вработените од Регионалниот центар за гранични работи Исток, со цел дополнително да се зголеми бројот на крвни единици за потребите на медицинските установи.