Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Условна казна од една година за претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола

Љупчо Горгиевски, претседателот на згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е осуден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Горгиевски, претседателот на згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е осуден на една година условна казна затвор. За него има услов од две години да не го повтори кривичното дело за величење на ликот и делото на контороверзниот лидер на ВМРО, Иван Михајлов.

Веста за одлуката на Основниот суд Битола, ја објави лично Горгиевски на Фејсбук страната на културниот клуб „Иван Михајлов“ Битола и пишува дека не можат да го гонат за „совеста“. За ваква пресуда со условна осуда поддржувачите на Горгиевски се надеваа уште по завршните зборови во неформален разговор со новинарите.

Според она што го објави Горгиевски, одлуката е донесена вчера и како што наведува – „Судот во Република Македонија ми осуди казна од 1 година затвор, условна, со 2 години условна казна. Оваа реченица нема законски товар за мене – има симболична вредност. Ова е политичка порака насочена не против моето лично име, туку против бугарската самосвест во Македонија.“

Реклама

Горгиевски наведува –„ Мојата единствена ‘грешка’ е тоа што отворено се идентификувам како Бугарин, што го почитувам случајот со Иван Михајлов… Државата може да изрече казни, но не може да ја гони совеста“,

На 21 мај, во Основниот суд во Битола заврши двегодишниот судски процес против битолчанецот Љупчо Горгиевски, претседател на згаснатиот бугарски клуб во Битола. Судењето го покрена Основното јавно обвинителство Битола за кривични дела поврзани со предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем, или народски кажано за величење на ликот и делото на контроверзниот водач на ВМРО (организација која постоеше од 1919 до 1934 година) – Иван Михајлов, како историска личност.

Обвинетиот Љупчо Горгиевски во текот на судењето кажа дека е Бугарин, со два пасоша, македонски и бугарски, и досега не е осудуван; семеен човек. Тој рече дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари. Пред завршните зборува како сведок, во полза на обвинетиот сведочеше екс-премиерот Љупчо Георгиевски со поддршка на „ванчомихајловизмот“.

Во пресрет на пресудата на Основниот суд во Битола, Mинистерството за надворешни работи на Бугарија објави соопштение до јавноста во кое порача дека овој случај за Бугарија е пресвртница за рамноправноста на Бугарите во Македонија и предупреди дека очекува фер пресуда.

Бугарското МНР во реакцијата уште напиша дека „На властите во Скопјe постојано им се обрнува внимание дека овој случај е пресвртница за Бугарија во однос на нивната подготвеност да ја гарантираат рамноправноста на Бугарите и да ги решат проблемите со кои се соочуваат“.

Обвинението против Горгиевски го застапуваше обвинителката Оливера Нечаковска, таа пред судот побара осудителна пресуда со соодветна санкција.

Нечаковска рече дека под превезот на наводна слобода на говор и изразување, претседателот на здружението „Иван Михајлов“ Битола и како администратор на веб-страницата на овој клуб активно поттикнувал и разгорувал омраза и нетрпеливост спрема припадниците на еврејската заедница во Македонија, а особено спрема припадниците на македонскиот народ, чија што посебност континуирано ја негирал преку објавите.

„Мислењето на Институт за национална историја на Македонија бр. 02-242.2 од 31.08.2022 во однос на Ванчо Михајлов е јасно и недвосмислено – Ванчо Михајлов е негативен лик во македонската и европската историја и со пропагирање на ликот, делото и идеите на Ванчо Михајлов всушност се пропагираат неговите наредби за физички ликвидации, соработка со фашистичката и нацистичката идеологија како и неговото негирање на посебноста на македонскиот народ“, рече Нечаковска во завршните зборови.