Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Уште фалат лекови за онколошките пациенти, бирократијата во набавката ќе се решава со законски измени

Пари има, лекови нема. Бирократските процедури повторно проблем за набавката на онколошки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пари има, лекови нема. Бирократските процедури повторно проблем за набавката на онколошки терапии за болните од рак. Здруженијата на пациентите алармираат дека се уште фалат и некои прилично евтини лекови и бараат надлежните да најдат начин како тие секогаш да им бидат достапни на пациентите.

Здравствените власти со законски измени ќе го решаваат проблемот, според министерот Алиу потребна е итна пормена во системот за набавка на онколошката терапија. И пациентите се со исто мислење, во набавката не се проблем финансиите туку тендерските процедури. Затоа што рекордниот годишен буџет од 39 милиони евра за Клиниката за онкологија е доволен да ги покрие сите трошоци на болните.

„Дистрибутерите не аплицираат на тендери, има проблем со цените кои ги нудат. Може е решение овие набавки да почнат да се прават на две, три или петгодишно ниво за оние лекови за кои се дозволува и кои имаат доволен рок. Но, мора да се промени нешто во начинот на којшто се прават тендерите и на кој аплицираат компаниите“, изјави Ана Марјановиќ – претседател на здружението „Хема-онко“.

Реклама

Болните од рак се почесто се соочуваат и со недостиг на тумор-маркери. Министерот за здравство вели дека нема простор за паника, ова испитување пациентите можат да го направат и на други клиники односно на Клиниката за биохемија. Решението за надминување на овие предизвици го гледа во измени на законот.

“За жал, исто така заради законски пречки знаете дека ако една процедура задоцни, вие законски не смеете да отворите друга или да убрзате. И затоа еден од законите во овие 12 закони што ги менуваме и адаптираме, едно од прашањето коешто ќе го решиме е буквално ова. Јас најавив пред неколку месеци дека ќе разгледуваме, постапките да почнуваат не три, туку шест месеци пред истекот на процесот, се со цел да имаме време да најдеме дополнително ако ни треба реотворање на постапката, за да не стигнеме до вакви моменти кога заради административните процедури, пациентите ќе чекаат лекови” – појасни Алиу.

Реганесите за  анализи за тумор маркери се клучни во следењето на терапијата и контролата на болеста, а нивното отсуство предизвикува голема неизвесност кај пациентите болни од канцер.