Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Уште една манипулација на власта: иако им ветија, не добија парична помош учениците од ранливи категории семејства

Најавената државна помош која што владата треба да им ја доделува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најавената државна помош која што владата треба да им ја доделува на одредена категорија основци и средношколци е страшна игра и манипулација, голема неправда врз учениците и родителите,кои воопшто не добија никаква финансиска поддршка– грмат граѓанските активисти. Родителите пак изреволтирани реагираат на социјалните мрежи бидејќи повеќето од нив не добиле скршен денар нити претходните два месеци, а камоли за овој месец.

Однесовме документи кога беше конкурсот во ноември,сега сме февруари,а немаме уште никаков одговор ни дали сме одбиени,ни пак некоја исплата имало.-Имам три деца аплицирав, нити за едно не добив ни повратен одговор,дали е се во ред нити пак исплата.-Ако не пуштат, не знам колку ќе имаат образ да ни се обратат за гласање.Ќе го накалемат гневот од сите нас,многу ниско и нечовечки.-Ни замачкуваат очи,а народот врие”-ова се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Согласно владината одлука учениците од средно образование треба да добијат финансиска поддршка во износ од 1.800 денари односно 1.200 за основците чии семејства имаат вкупни месечни приходи до 50.000 денари,но очигледно ништо од тоа.

Реклама

”Ако ние не го почитуваме основното право на децата и да им дадеме општествено одговорен пример како треба да се однесуваме во општеството, ние немаме иднина.За жал со ова само ги повредуваме нашите деца, им даваме недолични примери како се води една држава, како не се почитуваат правата, како немаме чувство за ништо”-вели Драгана Спасевска од граѓанската иницијатива “Учебници и настава мора да има”

Оправдувањата на ресорниот министер на крајот од мината година дека бил краток рокот за аплицирање и исплата на сретствата,не држат вода.

 “Ова се случи за прв пат после донесување на законот за финансиска помош или пакет социјални мерки што беа.Веднаш после донесување на тој закон ние имавме рок ограничен за да ги завршиме сите постапки кои што требаше да ги направат училиштата и министерствата.Ова е првиот месец, вториот месец ќе биде поедноставен”-рече Јетон Шакири,министер за образование 

Згора на се’ во објавата од министерството за обрзование стои дека кога училиштата ќе утврдат дека одреден ученик повеќе не ги исполнува условите за користење на финансиска поддршка, по добиените податоци од училиштата министерството го испишува лицето од евиденцијата на корисници.За да не живеат во заблуда,од граѓанската иницијатива “Учебници и настава мора да има” апелираат до директорите на  училиштата да го почитуваат правото на родителите и в понеделник јавно да истакнат списоци кои деца добиле финансиска помош,а кои не.

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски