Реклама

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Македонија

Уште една кривична за градоначалникот Мерко кој незаконски поставил директорка во училиште

Мерко во јануари 2022 година незаконски именувал в.д. директор на основно училиште,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мерко во јануари 2022 година незаконски именувал в.д. директор на основно училиште, иако кандидатката не ги исполнувала условите според Законот за основно образование, не го положила испитот за директор и немала соодветен сертификат за англиски јазик. Со ова назначување, кандидатката стекнала неправедна парична корист од околу 1.390.536 денари, или близу 23.000 евра.

Нова кривична пријава е поднесена против актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко поради сомнение за „несовесно работење во службата“.

Според ОВР Струга, Мерко во јануари 2022 година незаконски именувал в.д. директор на основно училиште, иако кандидатката не ги исполнувала условите според Законот за основно образование, не го положила испитот за директор и немала соодветен сертификат за англиски јазик. Со ова назначување, кандидатката стекнала неправедна парична корист од околу 1.390.536 денари, или близу 23.000 евра.

Реклама

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Несовесно работење во службата. Тој, на 17.01.2022 година, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно на законските прописи, донел решение за избор и именување на вд директор на училиште во Струга. Тоа, го направил, иако знаел дека кандидатката што ја наименувал, не исполнувала низа услови од Законот за основно образование, не го положила испитот за директор во утврдениот законски рок и не поседувала соодветен сертификат за познавање на англиски јазик. Пријавениот, и покрај тоа, и овозможил да добие решение и противправно да оствари парична корист во износ од 1.390.536 денари за вршење на работни задачи како вд директор и како директор на училиштето“, се вели во соопштението од ОВР Струга.