Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

🎥 Уште двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ се пуштени на домашно лекување

Уште двајца од повредените млади луѓе во дискотеката Пулс, се пуштени на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште двајца од повредените млади луѓе во дискотеката Пулс, се пуштени на дома. На болничко лекување остануваат тројца. Двајца во Македонија и еден од Истанбул. Нивната состојба е критична, но не е живото загрозувачка.

Дополнително, шест пациенти одат на лекување во Пирогов, во Скопје. Деновиве неколкумина се пуштени од Клиниката за пластична хирургија. Двајца од пациентите имат отворени рани, но тие се лекуваат во кочанската Болница, истакна директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски. Врвен хирург за пластика од Белгија, правел проценка на сите на кои им е потребна реконструктивна интервенција. Засега е утврдено дека на 18 од повредените кои имаат изгореници на лице, врат и дланки им е потребна пластична хирургија.

„Во моментот на лекување во болнички услови е еден повреден во Истанбул и двајца повредени во Аџибадем Систина. Се уште двајца се во тешка состојба, но не е животозагрозувачка. Се надевам дека и таму борбата ќе биде успешна и ќе излезат заздравени„ изјави Сашо Клековски, директор на ФЗО.

Силиконските маски наменети за повредените со изгореници по лицето и вратот, истите се изработени и во најбрзо време ќе бидат транспортирани во Македонија. Во наредниот период во лекувањето ќе се вклучат и дерматолози. За шест месеци треба да се набави нова компресивна облека, а во Одделот за физикална терапија кој интензиво се средува, ќе се активира хипербарната капсула. Проектот„ рехабилитација на Пониква„ ги даде очекуваните резултати, каде над деведесеттина од повредените добија физикална и психолошка поддршка.

Реклама

„Она што беше замислено на почеток, истотот се оствари. Тоа беше малку поинаков тип на терапија. Во однос на нивните капацитети беа вклучени во спортски активности, бидејќи имавме и музичари меѓу повредените, за нив имавме посебен тип на терапија. Требаше да ги вратиме на инструментот што претходно го свиреле. За студентите беа направени напори да им се излезе во пресрет на нивните потреби и можности„ рече д-р Катерина Паниќ-Мирчовска-фир.на ОБ-Кочани.

При посетата на општата Болница, Клековски посочи дека оваа здравствена институција ќе располага со поголем буџет, предвидени се дваесеттина нови вработувања, набавка на дигитален ренген, како и инсталирање на централен довод за кислород во хируршките сали.

Уште двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ се пуштени на домашно лекување.