Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Уреднички коментар: Автократот Филипче се радува за паѓањето на автократијата

А што е тоа што толку му смета на Филипче во Алфа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

А што е тоа што толку му смета на Филипче во Алфа телевизија? Веројатно нашето инсистирање да има целосно расчистување на случајот со модуларната болница, во која 14 луѓе живи ни изгореа додека тој лично министеруваше со здравството. Одговор како се поставувани тие болници, што материјали се користени и кој се ставал потпис на документите, расчистување слично како случајот со Кочани, а не виновник да остане само еден продолжен кабел. Тоа ли е руско влијание?
Му сметаат и прозивките дека е неоприципелно некој да води опозициска партија во Македонија, а да има резервна татковина во Обединетите Арапски Емирати. Му смета тоа што бараме одговор како ја има добиено златната виза во Дубаи и какви се неговите бизнис релации со другиот носител на истата виза, неговиот другар Зоран Заев. Тоа ли е руското влијание?
Му смета тоа што како телевизија не се согласуваме со него дека Македонија треба да води поданичка политика во дипломатијата и да ги прифаќа сите уцени, па и тие за уставни измени без гаранции од Европската Унија. Алфа телевизија не му е виновна што под негова раководна палка СДСМ стана 4-та партија по рејтинг во Македонија, но загрижени сме што заради неговото владеење со СДСМ државата останува без опозиција, нешто што е клучно за една демократија. А кога Филипче зборува за автократија нека погледне прво во својот двор, па потоа нека зборува. Секој што ќе се дрзне да крене глас против него, или да даде контруктивна критика завршува на клада – списокот е долг, од Деспотовски, па се до Шилегов. Како и секој автократ, вината за лошиот рејтинг упорно ја бара во разни шпиони, разни теории на заговор, во бурлески од типот дека ВМРО-ДПМНЕ се инфлитрирала во неговата партија, дека Србите работеле против него и слично. Господине Филипче, не се секирајте вие за Алфа телевизија – ние сме навикнати на ваквите испади од вашата партија. Патем, и покрај сите обиди на вашата власт, која преку разни финансиски инспекции, па дури и преку СЈО се обидуваше да ја затвори телевизијата, не ви успеа. Нашата сопственичка структура е чиста и јавно објавена, исто како и нашиот извор на финансии. Телевизијата живее од реклами и од довербата на нашите огласувачи и гледачи. Патем, Филипче го боли фактот што Алфа телевизија полека, но сигурно станува втора по гледаност во Македонија. А што се однесува на унгарско финансирање, нека ја праша својата потпретседателка колку пари на Сорос се дадени во медиумскиот простор во Македонија?