Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Универзитетски саем Study in Greece во Скопје

Амбасадата на Грција, во соработка со NOVA International School Скопје, денеска ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадата на Грција, во соработка со NOVA International School Скопје, денеска ќе организира универзитетскиот саем Study in Greece, на кој ќе бидат претставени академските можности што ги нудат грчките државни универзитети за меѓународни студенти.

На саемот ќе учествува платформата Study in Greece, заедно со претставници од пет водечки грчки државни универзитети, кои ќе презентираат програми за дипломски и магистерски студии на англиски јазик. Посетителите ќе може да се информираат за условите за прием, достапните стипендии, студентскиот живот, како и за предностите што ги носи стекнувањето на меѓународно признаена диплома во Грција.

Организаторите истакнуваат дека студирањето во Грција овозможува висококвалитетно образование во современа академска средина, која комбинира теорија, истражување и практична работа. Грчките државни универзитети нудат пристап до богати библиотеки и ресурси, современи лаборатории, како и активен студентски живот.

Реклама

Грција, како студиска дестинација, се издвојува и по безбедната средина, достапните школарини, прифатливите трошоци за живот и развиената инфраструктура. На настанот, кој ќе се одржи од 15 до 17 часот, во просториите на NOVA International School, поканети се средношколци, студенти, родители и советници за кариера, кои сакаат да ги истражат можностите за високо образование во Грција.