Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Универзитетски саем „Study in Greece” на 1 април во Скопје

Амбасадата на Грција, во соработка со Меѓународното училиште НОВА во Скопје, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадата на Грција, во соработка со Меѓународното училиште НОВА во Скопје, во април организира универзитетски саем „Study in Greece”.

Како што наведуваат од Амбасадата, платформата „Study in Greece“, заедно со претставници од пет водечки грчки државни универзитети, во училиштето НОВА (NOVA International School) на 1 април од 15 до 17  часот ќе презентира широк спектар на можности за студирање. 

Присутните ќе имаат можност да се запознаат со програми за дипломски и магистерски студии на англиски јазик и да добијат информации за процедурите за прием, стипендии, студентскиот живот и придобивките од стекнување меѓународно призната диплома во Грција.

Реклама

-Студирањето во Грција нуди уникатно академско и културно искуство. Грчките државни универзитети комбинираат висококвалитетно образование со динамична средина за учење, која вклучува теорија, истражување и практична работа. Студентите имаат придобивки од насоките на висококвалификуван академски кадар, пристап до обемни библиотеки и ресурси и динамичен студентски живот. Во исто време, Грција нуди безбедна и отворена средина, прифатливи школарини, разумни трошоци за живот и модерна инфраструктура. Средношколците, студентите, родителите и советниците за кариера се топло поканети да присуствуваат и да ги откријат можностите што ги нуди студирањето во Грција, се наведува во соопштението.

Учеството на саемот е бесплатно, но е потребна регистрација на линкот https://shorturl.at/lxFCK, односно да се пополни формулар  за да се обезбеди место.