Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 76-години од основањето

Со над 200.000 дипломирани студенти, 23 факултети, пет научни институти, најстариот Универзитет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со над 200.000 дипломирани студенти, 23 факултети, пет научни институти, најстариот Универзитет во државата „Св Кирил и Методиј“ одбележува 76 години постоење. Ректорката Биљана Ангелова уверува дека нивната мисија претставува темел на европската културна историја, која не го заборава својот идентитет, но смело гледа кон иднината.

Од Владата уверуваат дека интезивно работат на нов закон за образование, Универзитетов годинава има поголем буџет, а визијата на државата е студентите да ги полнат универзитетските холови и амфитеатри, а не да заминуваат на странските катедри. Министерката за образование вели дека посветено работат УКИМ да се вброи на листата од 1.000 светски најдобри Универзитети.

Главниот фокус на студентите треба да биде посветеноста и одговорноста кон науката. Најдобрите студенти на Универзитетот добија златник со ликот на Светите Кирил и Методиј за нивниот постигнат успех.

Реклама

Од Универзитетот велат дека во следниот период ќе бидат посветени на зголемување на практичната компонента, поддршката за младите истражувачи, ревизија на наставните програми и социјална одржливост.

Давид Крстевски