Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Универзитетот “Кирил и Методиј” додели признанија за високи достигнувања во науката

Четиринаест научници и универзитетски професори се прогласени за највлијателни и најнаистакнати истражувачи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четиринаест научници и универзитетски професори се прогласени за највлијателни и најнаистакнати истражувачи за минатата 2023 година. По повод светскиот ден на науката за мир и развој при ректоратот на Универзитетот “Кирил и Методиј” наградите беа доделени од страна на ректорот Проф д-р Билјана Ангелова. Од УКИМ нагласија дека дигитализацијата ќе биде движечки столб на универзитетот како и следењето на светските научни трендови во сите области. Според ректорката на УКИМ Ангелова, формирањето на колаборативниот центар е еден од клучните чекори за унапредувањето на транспарентноста на унивзерзитетот.

Реклама

“Ќе започнам со формирање на колаборативниот центар за наука на УКИМ како заложба за примена на европските стандарди за отворен пристап во научното истражување и истражувачката инфраструктура. Придобивките за нашите единици се несомнени, а, сетоа тоа успешно ќе се интегирира во ЕРА во европскиот истражувачки простор. Целта е на овој центар за отворена наука да се имплементираат политиките за отворен пристап до истражувачките резултати” истакна Ангелова.

Добитниците на признанијата задоволно. Според нив ова е голем гест од страна на државата и универзитетот и голем мотив да продолжат да ја унапредуваат македонската наука.

“Најпрво сакам да изразам искрена благодарност до нашиот универзитет во поттикнувањето на истражувачката култура и создавање на нови знаења и унапредување на академската инзворендност. Ова признание не е само личен успех, туку и доказ дека вредностите кои ги вреднуваме се клучни за нашиот напредок” кажа Проф. д-р Димитар Трајанов од ФИНКИ.

Дел од нив сметаат дека се потребни поголеми средства за истражување за што од министерството за образование и наука најавија реформа, односно овогодинешниот буџет од 30 милиони денари, за идната 2025 година се зголемува за 38 милиони денари, па така буџетот за истражувачка дејност за 2025 година ќе изнесува 68 милиони денари.

Инаку, овие награди се доделуваат од 2004 година со одлука на Обединетите Нации, а кај нас годинава беа доделени на научници од медицинските, техничките, општествените и технолошките науки.

Даниел Ѓорѓевски,