Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Украина ноќеска со дронови нападнала нафтени и енергетски постројки во Западна Русија

Украина ноќеска со беспилотни летала нападнала нафтени и енергетски постројки во Западна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украина ноќеска со беспилотни летала нападнала нафтени и енергетски постројки во Западна Русија, објавија руските власти.

„Урнатините од уништената зграда предизвикале пожар во индустриски погон во градот Кстово“, напиша на Телеграм Глеб Никитин, гувернер на Нижегорската област, која се наоѓа источнио од Москва.

„Според прелиминарните податоци, нема жртви“, додаде Никитин, без да даде дополнителни детали.

Реклама

Според „База“ – информативен канал на Телеграм блискo до руските безбедносни служби, во Кстово гори рафинерија за нафта.

„Цивилните објекти во различни области на регионот Смоленск се под масовен напад со беспилотни летала“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот, Василиј Анохин.

„Едно од беспилотните летала е соборено при обид за напад на нуклеарен објект“, додаде Анохин. Според него, нема жртви или материјална штета.

Соборени се 26 беспилотни летала над областа Брјанск, која граничи со Украина, а властите во областа Твер известија дека таму биле пресретнати 20 украински беспилотни летала. Нема информации за повредени или материјална штета.

Руската агенција за воздушен транспорт соопшти дека ги суспендира сите летови на аеродромот во градот Казан, главен град на Република Татарстан. Градот се наоѓа на околу 830 километри источнио од Москва.