Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

УЈП и унгарската Национална управа за даноци и царина потпишаа Меморандум за соработка

Делегација на Управата за јавни приходи (УЈП), предводена од директорката Елена Петрова,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Управата за јавни приходи (УЈП), предводена од директорката Елена Петрова, беше во работна посета на Унгарија, со цел унапредување на институционалната соработка и размена на искуства со даночната администрација на Унгарија.

Во рамки на посетата, Петрова и директорката на Националната управа за даноци и царина на Унгарија, Моника Рожен Шат, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува основа за продлабочување на соработката и континуирана размена на знаења, искуства и добри практики во повеќе области од даночната сфера.

Како што информира УЈП, соработката опфаќа размена на искуства во областа на ИТ-системите и применетите апликации, предпополнетите даночни пријави за личен доход, онлајн фискалните каси и електронските системи за фактурирање, како и поддршката на даночните обврзници преку поедноставување на административните постапки.

Реклама

-Посебно внимание ќе биде посветено и на примената на бихејвиорални анализи во процесите на наплата на даноците, унапредувањето на клиентската ориентираност и современите пристапи за управување со усогласеноста на даночните обврзници. Меморандумот предвидува и размена на искуства во областа на методите и начините на анализа на ризик, професионалниот развој и обуката на вработените, конкретни даночни прашања, како и имплементацијата на директивите на Европската Унија поврзани со даночните администрации, наведува УЈП.

Во текот на работната посета, делегациите разменија искуства и информации за современите начини на работа и дигиталните решенија во даночната администрација, со фокус на унапредување на ефикасноста на институционалните процеси и квалитетот на услугите за даночните обврзници.

-Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка и воспоставување континуирана размена на знаења, искуства и добри практики меѓу даночните администрации на Македонија и Унгарија, истакнуваат од УЈП.