Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Прилози

Угостителите го поздравуваат законот со кој и пензионери и студенти може да работат, дел од нив веќе вработиле луѓе од трето доба

Со новиот закон за работно ангажирање, кој стапи на сила од почетокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со новиот закон за работно ангажирање, кој стапи на сила од почетокот на годинава, државата им отвори врата на илјадници пензионери и студенти. Тие сега можат легално да работат без да ги изгубат пензиите и стипендиите.

На овој начин, за првпат во Македонија се регулира сезонското и привремено работно ангажирање. Целта е да се намали сивата економија и да се овозможи флексибилен начин на дополнителна заработка, особено во угостителството, кое со години е на колена поради недостаток на кадар.

И додека едни се скептични дека ова ќе функционира и чекаат да им пристигне работна сила од азиските земји, други веќе успешно се подготвуваат за претстојната сезона, враќајќи ги токму пензионерите на работните места.

Реклама

„Сметам дека во угостителската гранка тоа ќе оди малку тешко. Кувари со искуство ретко се слободни, а во другиот дел работата е физички малку исцрпувачка, така што не верувам дека ќе вроди со плод во поглед на угостителството, освен во делот во кујната“, вели Игор Целески, менаџер на угостителски објект.

„Да, јас веќе имам вработено доста пензионери со договор на дело, како што наложи законот, и јас сум прилично задоволен. Бидејќи, ајде да бидеме малку искрени, шега на страна, младата генерација е поразлична од другите генерации. Постарите знаат да ја ценат работата и ја извршуваат професионално и со волја“, вели Рашид Муса, сопственик на угостителски објект.

Експертите по туризам го поздравија новото законско решение. Секој што се чувствува работоспособно треба да се вклучи на пазарот на трудот. Ова е олеснителна околност и за студентите, не само за пензионерите.

„Студентите ќе можат без проблем да работат, да бидат осигурани, а целта е всушност да се следи текот на парите. Да се укине онаа практика на сива економија, каде што добар дел од вработените во угостителството беа плаќани во кеш. Добро е и за угостителите, добро е и за државата и за вработените, оние кои ќе работат, бидејќи ќе се евидентира нивниот стаж“, вели проф. д-р Климент Наумов, универзитетски професор.

Легалното работно ангажирање им овозможува работно искуство на студентите. Што се однесува на пензионерите, тие до неодамна имаа ограничени опции. Можеа да работат само со договор на дело или авторски договор, при што работодавецот плаќаше 10 отсто персонален данок, но без социјални придонеси.