Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Прилози

Училиштата се вклучуваат во борбата против семејното насилство

Растечкиот број на случаи на семејно насилство го крена алармот кај институциите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растечкиот број на случаи на семејно насилство го крена алармот кај институциите, се одржуваат обуки на наставниците за да ги препознаат домашните проблеми на децата преку нивното однесување во училишните ходници. Во обуката учествуваат експерти а поканети се и родителите кои би добиле насоки за тоа – како треба да се реагира во вакви ситуации.

„Предавачи ни се истакнати психолози коишто се активни во комората на психолози на Република Македонија, се обидуваме да им го пренесеме основното знаење коешто ќе им биде од интерес на сите како стручни соработници во училиштето да може да препознаат деца коишто се директни или индиректни жртви на настилство“, изјави Д-р Емилија Бошковска, координатор на проектот

Проектот е во соработка со Министерство за образование и наука, министерство за внатрешни работи, министерство за социјална политика и комората на психолози, а поставува клучни прашања за заштита на децата.

Реклама

„Зашто го дигаме гласот во врска со семејното насилство? која е идејата? зашто сакаме да ги заштитиме децата? Пред се последиците коишто произлегуваат дури и кога не сме сигурни дали навистина не слушнале како родители кога сме се расправале во другата соба, рачунаме дека они спијат, како дури една таква ситуација може да предизвика последици.“

Годишно во Македонија, се регистрираат над илјада случаи на семејно насилство, а со оваа обука, преку анализа на промените кај децата, наставниците и надлежните добиваат можност за рано спречување, а како што велат експертите траумите од домашните проблеми со правилен третман се поправливи.

Бојан Таневски