Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Учениците во ООУ „Крсте Мисирков“, во Ченто од септември 2026 година ќе учат во нова зграда

Ново и модерно училиште за 713 основци. Во скопската населба Ченто интезивно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново и модерно училиште за 713 основци. Во скопската населба Ченто интезивно се работи на изградба на објектот „Крсте Мисирков“, кој според најавите треба да биде завршен пред предвидениот рок. Министерката за образование Јаневска, заедно со градоначалникот Стефковски, денеска извршија увид на градежните активности. Училиштето кое е во изградба, ќе се простира на приземје и кат, со површина од 3150 квадратни метри и ќе располага со 30 кабинети. 

„Оваа влада со општините посветува внимание на инфраструктурата, во моментов градиме осум училишта и реновираме бројни други во износ од 32 милиони евра“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование.

„Се работи посветено, и очекувам истиот да биде завршен пред рокот од 24 месеци рок, утврден во договор со економски оператор. Како локална самоуправа остануваме на посветеноста за изградба на инфраструктура во делот на образованието“, изјави Бобан Стефковски, градоначалникот на Гази Баба.

Реклама

Во изминатиот период, во Гази Баба се изградија и две нови спортски сали, а во тек е и изградбата на трета во основното училиште „Наум Охридски“ во Црешево. До крајот на годината треба да започне и изградбата и на четврта сала во населбата Железара.

Од Локалната и централната власт порачаа дека образованието и во иднина ќе биде врвен приоритет и дека со ваквите инвестиции, се создаваат подобри и подостојни услови за образование на учениците.