Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

Учебниците се доставуваат навреме, надминат проблемот од минатото, вели Мицкоски  

Проблемот од минатото со набавка на учебници се решава и тие се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблемот од минатото со набавка на учебници се решава и тие се доставуваат навреме за новата учебна година, како резултат на воспоставено системско решение, уверуваат премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска, кои денеска присуствуваа на промоција на нови учебници за прво, второ и трето одделение во ОУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром. 

Жалам, рече Мицкоски, што во време на вештачка интелигенција и современи напредни технологии, се радуваме дека навреме ги доставуваме учебниците.

Оцени дека недостигот со учебници во претходниот период е резултат на „политичка катаклизма од СДСМ и ДУИ“  и посочи дека сегашната Влада има обврска да преземе мерки тоа никогаш повеќе да не се повтори.

Реклама

– Можеби сето ова треба да претставува нормална работа, иако пред 10-тина, 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска се радуваме ако учебниците ги доставиме на време, за да можат децата да ги користат. За жал, имавме една катаклизма, којашто 7 години беше влада во Македонија и последиците се разорни. Работиме приоритет по приоритет за да ги вратиме работите во нормала. Свесен сум дека има граѓани на кои трпението им е при крај, но важно е да ги реализираме нашите цели и приоритети и да оставиме впечаток дека даваме максимум работите да се доведат онаму каде што им е местото. Еден од тие процеси е и ова системско решавање за снабдување на нашите најмили, на децата, со учебници – рече Мицкоски. 

Министерката Јаневска потенцираше дека веќе трета година учебниците не претставуваат проблем во државава и редовно се доставуваат до 1 септември, кога почнува училишната година.

– Оваа година имаме испорака на учебници од прво до трето одделение во април и мај, а од идната недела почнува доставата на учебници од прво до деветто одделение. Од прво до трето одделение се испорачани околу 250.000 парчиња, севкупно ќе бидат испорачани милион и пол. Обоновен е целиот фонд на учебници од прво до осмо и прва и втора година гимназија. Остануваат да се доработат како нови учебници следната година учебниците за деветто одделение и учебниците за трети клас гимназија, бидејќи постепено секоја година добиваме нови наставни програми и нови учебници – изјави Јаневска.

Важно е, подвлече министерката, дека воспоставивме системско решение и ќе немаме никаков проблем со учебниците. Напротив, ќе се надградуваме. Во моментов имаме во ПДФ формат електронски учебници и со тек на време надополнуваме и дигитални учебници. Она што беше проблем во минатото – недостиг на учебници, немање учебници, забрана за учебници – веќе нема да постои. Продолжуваме во овој стил и понатаму, посочи министерката за образование Јаневска. 

Директорот на педагошката служба во Министерството за образование и наука Роберт Аџипетров информира дека по стапувањето во сила на новиот Закон за учебници донесени се 48 одлуки за одобрување учебници во основно образование и средно образование, како и 22 одлуки за одобрување учебници по странски јазици. Со тоа, нагласи, се надмина гап-от што го имавме во државата – да имаме недостаток на овие учебници.

Во однос на процедурата, нашата држава сега има база на рецензенти во која членуваат над 800 универзитетски професори, како и наставници од основно и средно образование, а утврдена е и формула за пресметка на цена на учебниците, со што се надмина праксата во минатото кога цените се утврдуваа зад затворени врати и кога цените практично беа договарани во четири очи, рече Аџипетров.

Целиот овој процес, дополни, ни овозможи да имаме нормално системско решавање на проблемот со учебници.  – Наши учебници и материјали, освен во нашите училишта, се испратени и во Токио, и во Лондон, како и во Виена за нашите ученици таму, а наши учебници можете да пронајдете и во Библиотеката на Конгресот во Соединетите Американски Држави, што покажува колку сме спремни во овој дел, потенцираше директорот на Педагошката служба.