Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Уапсениот во Грција е Ацо Боцевски викан „Циганот“: Беше во бегство од 1998-ма година

Грчката полиција го уапси Ацо Боцевски викан Циганот, по 27 годишно бегство.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грчката полиција го уапси Ацо Боцевски викан Циганот, по 27 годишно бегство. Осуден е на 15 години затвор за убиство извршено во ноември 1997 година.

Уапсен е во грчкиот град Катерини, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Против него беше распишана европска потерница, а по убиството се претпоставува дека со години се криел во Бугарија и Турција.

Реклама

-Боцевски кој сега треба да има околу 60 години најверојатно не може да се препознае од сликата објавена на страницата на МВР во делот на потраги по бегалци од лицето на правдата. Според судските документи од Македонија, во 1997 година предизвикал сообраќајна несреќа, по што, кога жртвата излегла од возилото, ја нападнал со оружје и ја усмртил. Жртвата била 37-годишен македонски државјанин.

За убиството, Боцевски бил осуден во 1998 година, но избегал пред да започне издржувањето на казната. По неговото апсење во Катерини, тој ќе биде изведен пред обвинител во Солун, каде што ќе започне процедурата за негова екстрадиција назад во Македонија.