Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Уапсени двајца синови и татко: Осомничени за убиство на комшија, телото пронајдено закопано

Полицијата вчера попладне уапси три лица од кривопаланечкото село Луке, двајца синови…

Сподели:

Полицијата вчера попладне уапси три лица од кривопаланечкото село Луке, двајца синови и нивниот татко. Тие се сомничат за убиство на својот соселанец.

-Полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С.Ф. (19) и С.Ф. (44). Тие се осомничени дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 година бил пријавен за исчезнат, соопшти МВР.

Старецот бил пријавен за исчезнат од неговата ќерка, а неговото тело било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке. Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.

Реклама

По насока на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.