Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Минчев од Атина: Воспоставуваме рамка за продлабочување на институционалната соработка со Грција во професионалната обука, истражувањето и јавната администрација

Меморандумот предвидува конкретни форми на соработка, меѓу кои спроведување заеднички програми и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меморандумот предвидува конкретни форми на соработка, меѓу кои спроведување заеднички програми и проекти, размена на експерти, обучувачи, заеднички истражувања, изработка на анализи и студии, како и учество на меѓународни конференции и други стручни активности – објасни министерот за јавна администрација Горан Минчев по потпишувањето во Атина на меморандумот за соработка со Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Грција (ЕКДДА).

Министерот претпладнево одржа состанок во проширен состав во седиштето на ЕКДДА, на кој присуствуваа претседателот на Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Грција, заменик-министерката за внатрешни работи на Грција, претставничката на Академијата за професионален развој на државните службеници при Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа додека генералната директорка на Грчкиот центар за експертиза за административни реформи (Reform Greece) ги презентира спроведените реформи.

По состаноците, министерот Минчев, во разговор со дописничката на МИА од Атина, објасни дека со потпишаниот меморандум за соработка се воспоставува „рамка за продлабочување на институционалната соработка меѓу двете земји, особено во областа на професионалната обука, истражувањето и иновациите во јавната администрација“.

Реклама

– Оваа соработка има особено значење и во контекст на воспоставувањето и размената на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници. Искуствата што ги има грчкиот Национален центар и неговата експертиза навистина може да помогнат во организирањето на нашата Академија, која неодамна во форма на законско решение е донесена во Република Македонија и почнува практично од 1 јануари 2027 година – истакна министерот.

Додаде дека посебен акцент во соработката се става на специјализираната и континуирана професионална обука на вработените во јавната администрација, како и на истражувањето и иновациите.

– Ова партнерство е дел од пошироките напори за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, особено во областите поврзани со реформите и јакнењето на институционалните капацитети. Во таа насока, би ја издвоил и досегашната соработка со Министерството за национална економија и финансии на Република Грција во рамките на програмата TAIEX преку која беше обезбедена експертска поддршка за унапредување на системот на плати во јавниот сектор. Овие активности покажуваат дека соработката ја развиваме на повеќе институционални нивоа,преку конкретни иницијативи и размена на експертиза – објасни Минчев.

Му се заблагодари на претседателот на Националниот центар, Василиос Егзархос, за срдечниот прием и подготвеноста за воспоставување и продлабочување на соработката меѓу двете институции, но и на Амбасадата на Грција кај нас за поддршката, ангажманот и придонесот за воспоставување и реализација на оваа соработка.

Состаноците поминаа во позитивна и конструктивна клима со заемна волја за продлабочување на соработката, а министерот на претседателот на грчкиот Национален центар му подари слика со Камениот мост во Скопје.

Во рамките на официјалната посета на Атина министерот ќе има можност да ги посети просториите на Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Грција, каде што ќе се запознае со начинот на функционирање и работата на ЕКДДА.