Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Уапсени бизнисменот Борче Марковски и поранешни директори од РЕК „Битола“ за местење милионски тендер

Белорускиот конзул Марковски уапсен заедно со уште 7 поранешни директори и вработени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Белорускиот конзул Марковски уапсен заедно со уште 7 поранешни директори и вработени во РЕК Битола поради местење тендер од околу 1,7 милиони евра. Според крвичната пријава на Финансиска полиција, поранешните директори и раководители во Рек Битола ги штелувале услови за да може „Марковски компани“ да ги добие парите. Неофицијално, кривичните дела се сторени при јавна набавка која ја добила „Марковски компани“ за демонтажа, транспорт и монтажа на опрема од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“. Тие ја донеле опремата до Битола, но според извори од истрагата, никогаш не ја монтирале, а притоа се погрижиле сè да прикријат со соодветна техничка документација. Целата постапка се одвивала кон крајот на 2023 и почетокот на 2024 година. Осомничените се товарат за злоупотреба на службената положба и злоупотреба на постапката за јавен повик.

„При дефинирањето на условите за јавната набавка тие ги повредиле начелата на сразмерност и конкурентност и овозможиле на една фирма, односно на осомниченото правно лице, да се јави како единствен понудувач и да склучи договор за јавната набавка, односно да се стекне со противправна имотна корист од големи размери“, велат од Јавното обвинителство.

Освен сопственик на компанијата која го добила спорниот тендер, Борче Марковски е ѝ почесен конзул на Белорусија. Тој за време на претходната власт редовно добиваше добиваше тендери за ископ на јаловина во рудниците во РЕК Битола.

Реклама

Од позиција на тогашна опозиција, ВМРО – ДПМНЕ предупредуваше дека Асаф Еисин, израелскиот гуру за пиар стратегиите на СДСМ, џебовите ги полнел токму од милионските тендери на РЕК Битола што со години ги добивал Борче Марковски и неговата Марковски компани .

Според Централниот регистар, „Марковски Компани“ е основана во 2002 година, со седиште во Битола и дејност насочена кон нискоградба, изградба на патишта и ископи.