Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Свет

Уапсени 11 лица за несреќата во Нови Сад – меѓу нив е и Министерот за градежништво во оставка Горан Весиќ

Вкупно 11 лица утрово се уапсени во врска со трагедијата во Нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 11 лица утрово се уапсени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при пад на натстрешницата на железничката станица животите ги загубија 15 луѓе, а двајца беа тешко повредени, соопшти вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Меѓу единаесеттемина уапсени, како што објави српскиот национален сервис се и министерот за транспорт во оставка Горан Весиќ, неговата помошничка задолжена за Железнички и интермодален транспорт, Анита Димоски, в.д. Директорката на Јавното претпријатие Јелена Танасковиќ, која вчера си поднесе оставка од функцијата, како и нејзиниот претходник во претпријатието, Небојша Шурлан.

Според соопштението, четворицата се сомничат за тешко кривично дело против општа сигурност. Останатите тешко кривично дело против општата сигурност во врска со кривичното дело непрописно и неправилно извршување градежни работи. По објавата од Обвинителство, Весиќ на социјалните мрежи вели дека не бил уапсен, туку доброволно се одзвал на повикот на полицијата.

Реклама

„Дојдовме во Нови Сад и им се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад“, напиша Весиќ на својот фејсбук-профил.

Весиќ беше првиот кој поднесе оставка по несреќата, на 5 ноември. Тогаш тој изјави дека оставката ја поднесува од морални причини, но оти не прифаќа вина за несреќата. Оставки од функциите, вчера поднесоа Министерот за внатрешна и и надворешна трговија, Томислав Момировиќ, и в.д. Директорката на јавното претпријатие „Железничка инфраструктура“, Јелена Танасковиќ.

Момировиќ беше на чело на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија во времето на реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад.