Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

Уапсен конзулот Марковски, кој добиваше милионски тендери од РЕК Битола

Финансиската полиција го уапсила Борче Марковски, сопственикот на Компани Марковски и уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финансиската полиција го уапсила Борче Марковски, сопственикот на Компани Марковски и уште неколку директори од РЕК Битола, неофицијално дознава Алфа од свои извори. Марковски, кој е Конзул и на Белорусија е уапсен поради сомнение за местење на тендер во износ од околу 100 милиони денари или 1, 6 милиони евра кои што се испумпани од државниот буџет.

Станува збор за зделка со која биле испумпани огромни средства од државниот буџет вопериодот на власта на СДСМ и ДУИ кога беше јавна тајна дека Марковски компани беше омилена за ваков тип бизниси. Конкретно за случајов, информациите укажуваат дека Марковски компани дневно заработувала по 63 илјади евра од само 10 булдожери кои копале во РЕК Битола. Или математички, по околу 16.000 денари за само еден час работење на една од овие машини.

На ваков начин, според информациите до кои дојдовме, Марковски Компани за само две години заработила фантастични 200 милиони евра од државата.

Реклама

Инаку, и по изборите власта на ДУИ и СДСМ во заминување, продолжи да испумпува пари преку РЕК Битола склучувајќи договори со „Марковски компани“.

Веднаш по изборите на крајот на мај ланската година, компанијата на белорускиот почесен конзул  „ќари“ нов тендер тежок над 4.8 милиони евра за изнајмување на багери, камиони и помошна механизација.

Договорот кој е склучен во изборен период лани имаше важност 18 месеци, а тоа значи дека и новите директори на државните електрани беа обврзани да исплаќаат пари на оваа фирма која се поврзува со сомнителни тендери.

Марковски компани  добиваше тендери и во 2023-та. Во јавноста остана запаментен оној од фантастичните 46 милиони евра од ЕСМ  за Ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина, а неколку дена претходно  за истата намена се „офајдија“ со тендер од скоро 25 милиони.

Од позиција на тогашна опозиција, ВМРО – ДПМНЕ предупредуваше дека Асаф Еисин, израелскиот гуру за пиар стратегиите на СДСМ, џебовите ги полнел токму од милионските тендери на РЕК Битола што со години ги добивал Борче Марковски и неговата Марковски компани .

Инаку,  омилената фирма на тогашната власт која со години е добитник на милионски тендери според податоците од Централниот регистар, е основана во 2002 година, со паричен влог од 2.500 евра.