Реклама
Македонија

Уапсен е струмичкиот бизнисмен КРМЗОВ

Уапсен е конроверзниот струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов. Блискиот пријател на семејството на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уапсен е конроверзниот струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов. Блискиот пријател на семејството на екс-премиерот Заев бил привереден од полицајци од бирото за јавна безбедност, по налог на Обвинителството за гонење на организиран криминал, потврдија истражните органи. Заедно со него, уапсени се и уште двајца. Засега нема детали за кое дело се приведени, но од она што досега е познато станува збор за злоупотреби на цели 15 милиони евра народски пари. Од МВР само потврдија дека бизнисменот кој долги години профитираше како резултат на блиските врски во високи функционери на СДСМ и семејството Заеви, е приведен.

Неофицијално, пријавата на МВР опфаќа 23 луѓе и 15 фирми, кои се сомничат дека преку фиктивно прикажување на добивки и плаќање на даноци, земале поврат на ДДВ кој не им следувал и на тој начин го цицале државниот буџет.

Додека полицијата само го потврди апсењето, од обвинителството најавија дека повеќе детали за овој огромен криминал кој опфаќа високи структури од минатат власт, ќе има утре.

Реклама

Освен ова лице обезбедени се уште две други лица.  За кривичните дела и дејствијата, обвинителството најавува брифинг за утре во 11 часот во Конференциската сала на ОЈО ГОКК“, велат од Обвинителство за гонење на организиран криминал.

Лани во септември беше спроведена акција во која се истражуваше даночно затајување во фирми на Крмзов во Струмица, Скопје и Гостивар. УЈП, финансиската полиција и бирото за јавна безбедност во координирана акција влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен поради сомневања за даночна измама и перење пари.

Потоа, судија на претходна постапка донесе одлука за одземање на патната исправа на бизнисменот Крмзов, додека тројца приведени беа пуштени на слобода без мерки за обезбедување.

Станува збор за измами со поврат на фиктивен ДДВ, шверц на брендирана роба, измислени фирми и ликови од Косово коишто со години цицале од државниот буџет преку УЈП. Се направиле милионски позајмици и од пропаднатата Еуростандард и се префрлале на фирми во Турција. Истрагата се прошири во повеќе струмички компании, кои биле дел од шемата на Крмзов, кој е во кумски односи со Вице Заев. При претресите во фирмите беа пронајдени дијаманти и пари во кеш.