Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Свет

Уапсен близок соработник на Нетанјаху – праќал лажни информации до странски медиуми

Портпаролот на Нетанјаху негира дека какви било информации протекле од кабинетот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Портпаролот на Нетанјаху негира дека какви било информации протекле од кабинетот на премиерот и истакна дека „дотичната личност“ (се мисли на Фелдштајн) никогаш дури и не учествувала во какви било безбедносни дискусии.

Израелската полиција го уапси блискиот соработник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Елиезер Фелдштајн поради „пренесување доверливи информации на странски медиуми“. Според наводите на опозицијата, станувало збор за лажни информации. Целта на измамата на Фелдштајн беше да ги спречи напорите за завршување на војната и постигнување договор за заложниците во Појасот Газа, се наведува во обвиненијата.

Истрагата е фокусирана на тврдењата дека кабинетот на премиерот се обидел да ги убеди странските медиуми дека Хамас имал намера да шверцува заложници во Египет и со тоа да го принуди Нетанјаху да прекине со огнот и да ги ослободи заложниците. Според судскиот налог, информациите незаконски објавени од израелските воени системи всушност ја „загрозувале способноста на Хамас да ги ослободи заложниците што ги држи во Газа“.

Реклама

Портпаролот на Нетанјаху негира дека какви било информации протекле од кабинетот на премиерот и истакна дека „дотичната личност“ (се мисли на Фелдштајн) никогаш дури и не учествувала во какви било безбедносни дискусии.

Стравувањата дека целата ситуација ќе им наштети на затворениците во Газа, портпаролот на премиерот ги нарече апсурдни. Опозицискиот лидер Јаир Лапид го обвини кабинетот на премиерот дека прави се за да го саботира договорот за размена на заложници и да влијае на јавното мислење.

Против постапките на Нетанјаху се изјаснија и семејствата на заложниците кои исто така сметаат дека Нетанјаху упорно ги саботира сите обиди да се постигне договор со Хамас бидејќи смета дека крајот на војната во Газа ќе доведе до предвремени избори, кои не би му одговарале. Нетанјаху ги отфрла сите овие тврдења.

Нетанјаху и претходно се соочуваше со слични обвинувања. Во септември германскиот весник „Билд“ го посочи како виновник за продолжување на војната. Тогаш премиерот рече дека нема да потклекне пред притисоците и дека нема гаранција дека Хамас ќе се придржува до својот дел од договорот, дури и ако се согласи со условите.

Опозицијата и семејствата на заробените заложници ги опишуваат постапките на Нетанјаху и неговите соработници како една од најголемите измами во историјата и го повикуваат судот да утврди дали спорните информации навистина дошле од кабинетот на премиерот, а споменатата канцеларија категорично отфрла сите овие наводи.