Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

УЈП: Се оди со сеопфатни мерки за да се спречат неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет

Неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет се констатирани кај даночните субјекти при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет се констатирани кај даночните субјекти при секоја четврта контрола на Управата за јавни приходи. Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека се оди со сеопфатни мерки за да се спречат ваквите појави. 

Во фокусот се оние дејности кај кои има најголем даночен ризик за загуба на буџетските приходи, а такви се угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности каде плаќањето е главно во готовина, а оваа година, според Петрова, ќе се прошири опсегот и кон издавањето недвижности под закуп поточно кон краткотрајното туристичко изнајмување и туристичките активности што се реализираат онлајн.

– Оваа година контролите продолжуваат. Во овој период претежно по пријави и претставки, а сега ја правиме селекцијата согласно анализите за ризик за да преминеме кон контроли согласно ризиците што произлегуваат од нашите податоци. Трендовите не се менуваат толку брзо. Со комбинирани мерки опфаќаме повеќе субјекти. Најризичните објекти секако се опфатени со контролите и таму одиме со уште подрастични мерки – значи не се само контролите и казните еднаш изречени, туку се и повторувачките контроли кои може да доведат и до запечатување на објектот. Одиме и со мерки каде бараме да се поднесат исправки на даночните пријави, изјави Петрова пред денешниот настан „Усогласувањето и фер конкуренцијата одат заедно“.

Реклама

Советодавните посети, како што посочи Петрова, се насочени кон субјектите кај кои не забележуваме толкави ризици врз основа на податоците на УЈП.

– Сепак, мораме да излеземе на терен и да покажеме дека УЈП е тука, ве следи, за да не бидат поттикнати и тие на неусогласено поднесување, рече Петрова, посочувајќи дека минатата година биле реализирани 4.200 вакви посети.

Селекцијата на субјектите каде се спроведуваат контролите, според Петрова, не е субјективна, туку се темели на анализа на ризик, односно врз основа на податоците што УЈП ги добива од GPS системот. 

Минатата година на територија на цела држава биле извршени 6.300 теренски контроли при што биле изречени 3.200 глоби и 120 мерки за привремена забрана за вршење на дејност со запечатување.