Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повикува обврзниците кои сè уште не извршиле уплата тоа да го сторат без одлагање.

Од вкупно 19.550 поднесени биланси за данок на добивка, данок на вкупен приход и данок на личен доход кај вршителите на дејност во кои е искажана обврска за плаќање, кај 10.252 е евидентирана уплата, што, според Управата за јавни приходи, укажува на солидно ниво на даночна дисциплина.

– Навременото плаќање на даноците е клучно за стабилни јавни финансии и непречено функционирање на јавните услуги, а ненавременото плаќање значи зголемување на долгот поради камата и ризик од присилна наплата, блокирање банкарски сметки и други мерки – велат од УЈП.

Реклама

Како што информираат, веќе испраќаат персонализирани известувања до компаниите и вршителите на дејност со заостанати долгови.

– Апелираме за итно плаќање на долговите со цел да се избегнат дополнителни трошоци. Во спротивно, ќе следува присилна наплата со дополнителни давачки како еднократна такса и банкарски трошоци, кои го зголемуваат вкупниот долг и ќе влијаат врз тековното работење. УЈП потсетува дека обврските може да се намират и преку уплата од трето лице, како и преку пребивање со даночно побарување на обврзникот, а на располагање е и можност за плаќање на рати во согласност со законските услови – се вели во соопштението.