Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Економија

Трипуновски: Пиперките не се вратени од Хртватска, а дали се македонски оставам да проверат службите

Црвените пиперки извезени во Хрватска кај кои беше утврдено присуство на пестицидот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црвените пиперки извезени во Хрватска кај кои беше утврдено присуство на пестицидот метомил, не се вратени во Македонија, а дали се македонски оставам да проверат службите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Трипуновски е дециден дека нашите фитосанитарни служби заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), прават контроли во текот на целата година. Државата, како што напомена, има квалитетен земјоделски проиозвод што се употребува и за домашна консумација и преработка и за извоз.

-Пратката пиперки од Хрватска не е вратена во Македонија, Извезена е од нашата држава на 9 септември, контролата што ја прави Агенцијата за бебзедност на храна од Хрватска излезе со податоци на 23 септември што е 20 дена отпосле, а тоа отвора простор – дали таа пиперка е македонска.  Тоа оставам да проверат службите. Нашите фитосанитарни служби заедно со АХВ во текот на целата година прават контроли по тип на производство, како што се откупуваат производите. Се прават проби за евентуално зголемено ниво на пестициди. МЗШВ има и посебни програми за мониторинг што ги следи сите земјоделски производи, да види дали се применува периодот на каренца, дали се употребуваат недозволени препарати, изјави министерот, одговорајќи на новинарски порашања по настанот за Светскиот ден на храната.  

Реклама

Трипуновски истакна и дека извозот на земјоделски производи е зголемен.

-Според Државниот завод за статистика, првите пет месеци од 2025 година во споредба со истиот период лани бележиме раст во извозот на земјоделските производи во износ од 57 милиони евра. Ако лани извозот тежел 111 милиони евра, годинава во првите пет месеци е 167 милиони што е добар показател. Зголемениот извоз покажува дека е зголемена и продукцијата, како и цената. Министерството преку програмите кофинансира разни сектори, почнувајќи од младите земјоделци, преку задругите – организирање на пазарите и пласманот преку групирање по тип на производство, кофинансирање на набавка на приклучна механизација, трактори, а дава и грантови за производство од мал обем, инвестиции во делот на наводнување,… Тоа се инпути со кои Владата му помага на земјоделството како дополнителен стимул за негов раст, подвлече Трипуновски.

Минатата недела Државниот инспекторат за земјоделство информира дека се вршат контроли и надзори кај извозникот, откупувачите и индивидуалните земјоделски производители по нотификациите од RASFF системот и официјалното известување од Хрватска за утврдено присуство на пестицидот метомил во свежа црвена пиперка увезена од Македонија. Како што наведе Инспекторатот, станува збор за пратка од околу 15 000 килограм пипер, а извозникот не е производител, туку пиперот го купил од други правни субјекти кои вршат откуп од индивидуалните производители.