Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани

Досега се откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Досега се откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

-Прва пролетна култура која што влегува во процес на откупот, односно пласман е пролетната зелка. Во струмичкиот регион оваа култура најмногу се произведува. Она што го имам како последен податок е дека од 1 јануари до денешен ден се откупени некаде над 60 милиони килограми, што е за некаде околу 8-9 милиони килограми повеќе во споредба со истиот период минатата година. Ова е доказ дека производството расте – истакна Трипуновски во изјава за емисијата „Аграр“.

Тој додаде дека процесот на откуп на пролетната зелка сè уште е во тек, но веќе влегува во својата завршна фаза.