Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Трипуновски од Гевгелија: Бројките се доказ дека кога државата и земјоделците работат заедно, резултатите се видливи

Во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, предводена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, предводена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вечерва пред  гевгелиските граѓани беа претставени актуелните политики и мерки за поддршка на земјоделското производство.

Во полната сала на Народниот театар во Гевгелија се одржа дискусија на трибината со земјоделците во која се слушнаа нивните тековни проблеми.

Како што истакнаа од ресорното Министерство, на трибината се разговарало за предизвиците, но и за можностите за дополнителна поддршка, за стабилно, конкурентно и одржливо македонско земјоделство.

Реклама

– Гевгелија е пример како се развива земјоделството. Согласно податоците имаме близу 3.000 регистрирани земјоделски стопанства, со над 700 договори за користење на околу 2.800 хектари државно земјоделско земјиште. Минатата година за мерката „зелена нафта” аплицирале над 890 земјоделци, со вкупна поддршка од близу осум милиони денари, истакна министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски и додаде дека токму овие бројки се доказ дека кога државата и земјоделците работат заедно, резултатите се видливи.

Главна цел на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ е остварување на директна комуникација со земјоделците и претставување на земјоделските мерки и политики.