Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Три нови закони за поконкурентно и поквалитетно високо образование

По години застој и нефункционални решенија, високото образование и науката добиваат целосно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По години застој и нефункционални решенија, високото образование и науката добиваат целосно нова законска рамка. Три нови закони за подобрување на состојбите, ставени на маса за распарава. Ресорното министерство ги презентираше – Законот за високо образование, Законот за квалитет во високото образование и Законот за научно – истражувачка дејност, кои треба постават повисоки стандарди, да ја зголемат конкурентноста и да го подобрат квалитетот.

Нов начин на финансирање на универзитетите, построги критериуми при апликација за доцент, вонреден или редовен професор, се дел од промените кои ги носи законот за високо образование. Со истото законско решение се опфатени студентите кои користат стипендии и поажуваат одлични резултати на наши или странски универзитети. За нив е предвидено да имаат предност при вработувањето на државните универзитети. 

„Ќе започнам со убава вест за студентите кои со стипендија од државата студираат на најдобрите 100 светски универзитети или пак студираат во Македонија и се добитници на Инженерски прстен или се прогласени за најдобри студенти на универзитетот. Тие ќе имаат предност при вработувањето на државните универзитети, како наставно – научен кадар.“

Реклама

„Секој кој ќе аплицира за избор во звање – доцент, вонреден или редовен професор, отсега ќе има обврска до изборот да изработи и објави најмалку 6 – 7 научни трудови, од кои 3 – 4 треба да бидат објавени во списание со импакт фактор од базите Web of science или Scopus.“- вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Новиот закон за квалитет на високо образование има за цел да ја врати улогата на истоимената агенцијата, која со години вршела акредитации на студиски програми, но не и евалуација.

 „Новина е наместо два одбори за акредитација и за евалуација, законот предвидува еден Совет кој ќе работи со стручни комисии. Дефинирање на постапките за евалуација, самоевалуација, акредитација, надзор над работата на високообразовните установи и научно – истражувачките субјекти и така натаму.“- вели Јаневска.

Законот за научно истражувачка дејност предвидува доделување средства за научно- истражувачки проекти, финансирање на научни институти, јасно дефинирање на постапки за избор во научни звања на истражувачите и слично. Законите за високо образование и квалитет на високо образование се објавени на ЕНЕР системот и се отворени за критики и сугестии, а законот за научно истражувачка дејност ќе биде објавен во текот на наредните денови.