Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Три мега афери ја стресоа власта за само еден месец, ќе има ли вистински разрешници?

Три огромни афери ја тресат Македонија во само еден месец. Случајот Мафија…

Сподели:

Три огромни афери ја тресат Македонија во само еден месец. Случајот Мафија 1, Мафија 2, како и случајот Марихуана.Ова се афери од голем размер, објавени во краток период од само 30 дена, дали ваквиот тренд на евентулана криминална вмешаност на власта ќе донесе пад на нејзиниот рејтиг, аналитичарите велат потребно е време, на граѓаните да им “легнат” инфомациите. Но дел од експретите се децидни, ако нема вистинска разрешница, според искуството, тоа ќе доведе до уште понегативна перцепција на граѓаните за борбата на власта против корупцијата.

  • Сега има некакви информации дека блиски луѓе, високопозиционирани се исто така вклучени во овие афери кои излегоа. На некој начин да се покаже дека власта сака да се бори со криминалците треба сите овие афери да се откријат до крај. Доколку остане само на објавување без притоа да има завршница на структури кои што не се службеници коишто беа уапсени, кои беа вклучени во аферата со пасошите, тогаш мислам онаа перцепција на власта за борба против криминалот само ќе се засити – Владимир Божиновски – аналитичар.

Божиновски вели дека дузина скандали се објавени во јавноста последниве години, а со последниве три само се заокружува негатвното мисење на народнот за како власта се бори против криминалот.

  • Ние сме свесни дека имаше прво масовно ослободување на криминалци пред неколку години, потоа се легализираше производството на марихуана, па почна да излегуваат афери со камиони, шверц, поврзувања со Косово, па Рекет.. Овие последни афери само ја заокружуваат негативна перцепцијата за борба со криминалот – Владимир Божиновски – аналитичар.

Дали власта и институциите навистина се борат со криминалот, се поставува прашање особено откако медиумите објавија низа на скандали поврзани со името на поранешниот генерален секретар на Владата,Рашковски кој иако се сомничи се злоупотреба на службената положба, како и заедно со уште три лица, оштетување на државниот буџет за 11 000 000 денари,  доби домашен, а не ефетивен притвор.

Реклама

Инаку Мафија 1 е случај  каде се обелоденети информации за издавање на над 200 пасоши на криминалци, некои од нив барани и преку Интерпол , во случајот Мафија 2  со писмени докази е објавено дека во Македонија има над 20 000 дупли матични броеви случајот Марихуана пак , е акцијата која ја споведе ДЕА  каде со дрога е фатен возачот на Трајче Заев, братучед на премиерот.

Мери Ѓорѓиевска