Факултетот за образовни науки при Универзитетот во Штип одбележа три децении од своето постоење. Во изминатиот период на овој факултет се создадени бројни професионалци кои го движат образованието во целата држава.
За да се следат современите трендови, најавено е акредитирање на нови програми, меѓу кои и дигитална педагогија.
