Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Третина од преживеаните и повредените од пожарот во Кочани се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици – потенцира проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија, на втората научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија, што се одржа викендов во Скопје. Ова го покажа истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани – испитаници што биле лекувани во рамките на третманот на лузни со PDL (pulsed dye laser) на Универзитетската клиника за дерматологија. Резултатите покажуваат дека кај една третина од испитаниците е регистрирана анксиозност, 27,5 проценти имаат симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСР), а 21,6 процент се соочуваат со депресија – се наведува во денешното соопштение на Клиниката за психијатрија.

Истражувањето било спроведено во периодот од јануари до март 2026 година и ќе биде дополнително истражувано со цел, како што се додава во соопштението, да се добијат научно верификувани податоци за психолошките последици од една од најтешките трагедии во поновата македонска историја.

– Пожарот во клубот „Пулс“ претставува масовна несреќа од човечки фактор, настан што според литературата носи значително повисок психијатриски морбидитет од природните катастрофи – се истакнува во пишаната изјава на проф. д-р Арсова.

Реклама

Дури 72 процента од испитаниците пријавиле загуба на блиска личност во трагичниот настан, што се покажувало како значаен фактор за појава на ПТСР. Истовремено, 96 проценти го навеле семејството како главен извор на поддршка, што ја нагласувало неговата клучна улога во процесот на закрепнување.

– Забележително е дека најголем дел од поддршката се бара кај семејството и, од една страна, добро е што кај нас опстојува оваа поврзаност со семејството. Сепак, од друга, сè уште егзистира стигмата кога станува збор за барање стручна помош – смета Арсова.

Еден од најзначајните наоди од истражувањето, како што се нагласува, е улогата на механизмите за справување со траумата.

– Избегнувачките стратегии, како повлекување, емоционално оттурнување и негирање, се директно поврзани со повисоки нивоа на психолошки нарушувања и може да доведат до продлабочување на симптомите. Истражувањето дополнително покажува дека жените се особено ранлива категорија, со повисоки нивоа на анксиозност, депресија и ПТСР -пишува во соопштението.

Директорката на Клиниката за психијатрија предупредува дека избегнувањето на проблемот, емоционалното дистанцирање, самодистракцијата, негацијата, како и употребата на психоактивни супстанции и алкохол, претставуваат ризични и неефикасни стратегии за справување со траумата.

Во истражувањето биле вклучени 72 процента мажи и 28 проценти жени, од кои најголем дел на возраст од 18 до 29 години. 

ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија најавува дека ќе продолжи со систематско следење и научно истражување на психолошките последици од трауматскиот настан во Кочани, со цел навремено препознавање, намалување на стигмата и обезбедување соодветна стручна поддршка за сите засегнати граѓани од трауматскиот настан.