Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Трета владина седница: Нови именувања и разрешувања, 600 милиони денари за заостанати директни плаќања за земјоделците

На денешната седница Владата донесе одлука со која се направи пренамена во програмата за финансиска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната седница Владата донесе одлука со која се направи пренамена во програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, со што се обезбедуваат преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 600 милиони денари за дополнителни директни плаќања за земјоделците за растително и сточарско производство кои до сега биле неисплатени.

На денешната седница се донесоа и одлуки за именување на нови кадри. Васе Анакиев се именува за в.д. директор на државниот инспекторатот за земјоделство. Весела Честоева, за в.д. директор на Управата за заштита на културното наследство. 

За в.д. директор на Агенцијата за катастар на недвижности, се именува Иван Живковски. 

Реклама

Данијел Апостолоски се избира за управител на Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје.

Амет Зибери се именува за в.д. заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности. 

Даут Мемеши се именува за в.д. директор на Бирото за регионален развој. Рефик Џемаили се именува за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија. Александар Донев се именува за в.д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем. Диме Ратајкоски, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-информативен центар на Македонија во Истанбул.
Мими Ѓоргоска Илиевска, е новиот директор на ист таков Културен центар во Загреб.

На чело на центарот во Белград е Васко Шутаров.

На седницата владата разреши и 15 национални координатори во различни области, како и заменици.


Исто така се донесе одлука со која Министерството за транспорт и врски согласно програмата за капитални инвестиции става на располагање 6 милиони денари на општината Ѓорче Петров за изградба и реконструкција на патна инфраструктура.