Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Треневски: Политичката бура на релација Скопје-Софија е резулат на променетата реторика на новата македонска влада

Заострувањето на односите Скопје-Софија е очекувано поради политичката реторика на непопустливост од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заострувањето на односите Скопје-Софија е очекувано поради политичката реторика на непопустливост од страна на Македонија и провокациите од страна на Бугарија. Експертите сметаат дека ќе треба време да се средат релациите со оглед на тоа што пристапот на македонската влада е поразличен од претходно и челниците не паѓаат на бугарските ниски удари.

Се соочуваме со политичка бура во односите со Бугарија. Таа бура беше предизвикана со провокацијата со неистакнувањето на македонското знаме. Од друга стана мислам дека манифестираа лутина со некои работи што се случуваа овде. Пред се од изјавите од македонските политичари, промените во историската комисија. Кога станува збор за неистакнувањето на државното знаме е без дискусија провокација бидејќи фотографијата е снимена пред големиот грб на Бугарија. Тие ја искористија приликата на присуство на нашата претседателка и јас го гледам тоа како манифестација на Санстефанска Бугарија. Ќе треба време овие работи да се испеглаат но не очекувам тоа да се случи така брзо, вели поранешниот амбасадор во НАТО, Мартин Треневски.

Бугарија не очекуваше толку остра реакција по скандалот со непоставувањето на македонското знаме. Па кога вицепремиерот го нарече овој чекор нецивилизиран, некултурен и непристоен, претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов се дрзна да бараат оставка од Александар Николоски – што е директно мешање во внатрешните работи на земјава. Покусо не остана ниту ултранационалистот Костадин Костадинов, кој беше иницијатор за декларација за осуда на наводна омраза од македонска страна. Очигледно на Софија тешко и паѓа фактот што новата власт во Скопје има многу пожестока реторика кон македонско – бугарскиот спор.

Реклама

Барање на оставка од странски висок функционер е мешање во внатрешните работи на земјава. Не може Бојко Борисов да наметнува и да бара оставки а тој се заложи за прекинување на целата комуникација. Кога станува збор за Бојко Борисов, по странски агенции се зборуваше дека тој тежи три милијарди и двеста милиони долари, дури да штедел уште времето кога беше боди гард на Тодор Живков, не би можел тоа да го заштеди. Беше сликан кај што лежи покрај злато, пиштол и девизи. Бојко Борисов е најмалку лицето кое треба да ни дава лекции за тие работи, додава Треневски.

Власта постојано алармира дека Бугарите непотребно ја внесуваат Македонија во предизборната тематика иако треба да се насочат кон решавање на политичката криза во која земјата е подолго време. По формирањето на стабилна политичка влада, се очекува да се зајакне дијалогот на релација Скопје-Софија и да се изнајде решение прифатливо за двете страни. Македонската влада е децидна дека уцени и ултиматуми нема да прифаќа. Една од опциите на кои се насочува владата на Мицкоски се уставни измени со одложено дејство – да се откочат евроинтеграциите, а Бугари во Устав ќе вметнеме кога ќе имаме силни гаранции.