Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Свет

Трамп се враќа во Белата Куќа: Честитки од светските лидери

Светските лидери му честитаат на Доналд Трамп. Откако досегашните резултати покажаа дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светските лидери му честитаат на Доналд Трамп. Откако досегашните резултати покажаа дека републиканецот по втор пат ќе влезе во овалната соба. Меѓународните лидери масовно преку објави на социјалните мрежи, како и во обраќања во живо, му упатија честитки.

Европската Унија ја поздрави неговата победа. Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, му порача дека со нетрпение очекува повторно да работи со него за унапредување на силната транс-атлантска агенда.

“Европската унија и САД се повеќе од обични сојузници. Ние сме обврзани со вистинско партнерство меѓу нашите луѓе, обединувајќи 800 милиони граѓани, вели претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен во честитката до Трамп.

Реклама

Унгарскиот премиер Виктор Орбан,беше меѓу првите од европските лидери кој упати честитки на Трамп,тој ја нарече неговата победа „најголемото враќање во политичката историја на САД“.

„Најголемото враќање во политичката историја на САД! Честитки до претседателот Доналд Трамп за огромната победа. Многу потребна победа за светот“- изјави Орбан.

Францускиот претседател Емануел Макрон во честитката истакна дека е „подготвен да работи заедно со САД како што тоа било изминатите честири години.

И Турскиот претседател Ердоган упати честитка до Трамп.

„Се надевам дека односите меѓу Турција и САД ќе се зајакнат, дека регионалните и глобалните кризи и војни, особено палестинското прашање и руско-украинската војна, ќе завршат. Верувам дека ќе се направат повеќе напори за поправеден свет“– вели Ердоган.

„Вашето историско враќање во Белата куќа нуди нов почеток за Америка и моќна посветеност на големиот сојуз, Израел и Америка“, порача израелскиот премиер Нетанјаху во честитката до Трамп.

Украинскиот претседател Зеленски во честитка до Трамп рече дека верува во продолжување на американската поддршка за Украина. Честитки до Трамп упатија и премиерите на Обединетото Кралство, Италија, Австрија, Романија, Полска и Индија.

Кремљ нема информации дека Владимир Путин планира да му честита на Доналд Трамп за победата на претседателските избори. Оттаму додаваат дека луѓето не треба да заборават дека САД се непријателска држава кон Русија.