Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Свет

Трамп ја пофали тајната служба, но ги искриткува демократите за вториот обид за атентат врз него

Екс-претседателот на САД и актуелен републикански кандидат за нов мандат во Белата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екс-претседателот на САД и актуелен републикански кандидат за нов мандат во Белата куќа, Доналд Трамп во својот прв јавен настап по вториот обид за атентат раскажа детали за она што го доживеал во неделата во неговиот голф клуб „Вест Палм Бич„ на Флорида.

Тој рече дека слушнал истрели додека играл голф со пријатели, меѓу кои бил и бизнисменот Стив Виткоф.

„Се беше прекрасно, убаво место да се биде и одеднаш слушнавме пукотници во воздух. мислам дека беа четири или пет. звучеа како куршуми, но што знам јас за тоа. Но, тајната служба веднаш знаеше дека се работи за куршуми“, рече Трамп.

Реклама

Тој, дополнително, ѝ се заблагодари на тајната служба, која, како што кажа, одлично си ја завршила работата. Откако ги слушнале истрелите, вели Трамп, веднаш влегле во возилата за движење низ голф терените и брзо заминале од местото.

Пукотниците, како што кажа Трамп, биле истрели од оружјето на друг агент на тајната служба кој пукал кон цевка од пушка што ја забележал вперена од грмушките кон теренот за голф и дека „другиот не пукал“, притоа најверојатно мислејќи на осомничениот напаѓач.

Инаку,Трамп се обиде да ги обвини претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис за пукањето. „Нивната реторика предизвикува пукање кон мене, кога јас сум тој што ќе ја спаси земјата, а тие се оние кои ја уништуваат земјата, и одвнатре и однадвор.

„Тоа се луѓе кои сакаат да ја уништат нашата земја. тоа се нарекува внатрешен непријател. Тие се вистинската закана“, изјави Трамп.