Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Свет

Трамп ја лансираше „Ѕвездената порта“, проектот вреден 500 милијарди долари предизвика берзански земјотрес

Вонредна состојба на границата со Мексико, помилувања, најави за повисоки царини за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вонредна состојба на границата со Мексико, помилувања, најави за повисоки царини за Канада, Европската унија и Кина, можност Илон Маск да го купи ТикТок. По инаугурацијата, Доналд Трамп потпиша низа извршни одредби и најави низа други мерки.

Како последно, Трамп ги собра водечките технолошки тешкаши за проект кој има за цел да обезбеди победа во судирот со Кина на полето на вештачката интелигенција. Станува збор за „Стартгејт“, или во превод „Ѕвездената порта“, проект вреден дури 500 милијарди долари во областа на вештачката интелигенција.

Проектот ги обединува технолошките гиганти како OpenAI, Oracle и SoftBank, што веднаш предизвика потрес на берзата и пораст на акциите на овие компании, објавија американските медиуми.

Реклама

Со својата финансиска тежина и вклучените актери, проектот несомнено претставува демонстрација на решителноста на САД технолошки да ја водат трката за вештачка интелигенција, иако останува да се види како овој амбициозен план ќе се реализира во практика и дали ќе обезбеди посакуваната доминација во развојот на вештачката интелигенција, сметаат експертите.