Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Свет

Трамп бара Ирак да плати за американските воени бази ако сака армијата на САД да се повлече

Претседателот Доналд Трамп повторува дека ќе ги нападне иранските клутурни богатства, истовремено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот Доналд Трамп повторува дека ќе ги нападне иранските клутурни богатства, истовремено отфрлајќи ја загриженоста во рамките на неговата администрација дека тоа може да претставува воено злосторство според меѓународното право.

Трамп го предупредува Ирак дека ќе биде казнет со санкции ако ги протера американските трупи во знак на одмазда за американскиот напад во Багдад, во кој загина висок ирански функционер. „Ним им е дозволено да ги убиваат нашите луѓе.

Ним им е дозволено да ги мачат и да ги осакатуваат нашите луѓе. ним им е дозволено со бомби покрај патот да ги разнесуваат нашите луѓе. а ние не смееме да ги допреме нивните културни локации? не оди тоа така“, рече Трамп.

Реклама

Инаку, убиството на Сулејмани предизвика бес на блискиот исток, вклучително и во Ирак, каде што сè уште се наоѓаат повеќе од 5.000 американски војници, 17 години по американската инвазија.

Парламентот на Ирак во неделата гласаше за необврзувачка резолуција во која се бара протерување на американските сили.

Трамп рече дека соединетите држави нема да заминат без да им биде платено за воените инвестиции во Ирак со текот на годините – а потоа рече и дека ако трупите мора да се повлечат, тој ќе го погоди Багдад со економски казни.