Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Прилози

Tрамп 277, Харис 224 гласа, Трамп: ова е најголемата политичка победа во историјата!

277 електорски гласови за Доналд Трамп, наспроти 224 за Камала Харис. Проекциите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

277 електорски гласови за Доналд Трамп, наспроти 224 за Камала Харис. Проекциите на сите водечки американски медиуми покажуваат дека поранешниот претседател повторно ќе влезе во Белата куќа.
Победата на Трамп доаѓа откако тој успеа да освои мнозинство гласови во неизвесните сојузни држави Пренсилванија, Џорџија и Висконсин каде на минатите избори Џо Бајден однесе победа.
Се уште се чекаат резултатите за Аризона, Невада, Мичиген и Алјаска, но тие нема да влијаат на крајниот исход зашто Доналд Трамп веќе го има потребниот број на гласови.


Тој во победничкиот говор од Флорида порача дека доаѓа златно доба за Америка.


Камала Харис, пак, не се обрати пред толпата поддржувачи во Вашингтон. Од нејзиниот изборен штаб рекоа дека ќе одржи говор во текот на денешниот ден, говор во кој се очекува дека ќе го признае изборниот пораз.

Реклама


За конечните резултати од изборите треба да поминат неколку дена, додека не заврши пребројувањето во сите сојузни држави.
Доналд Трамп треба да биде инаугуриран за нов мандат на 20 јануари, 2025 година.
Трамп беше на претседателската функција од 2017 до 2021 година, но беше поразен од Бајден на изборите во 2020 година.
Успехот на Републиканците се прошири и на Конгресот, каде што партијата го врати мнозинството во Сенатот со најмалку 51 од 100 места. Контролата на Претставничкиот дом, пак, која во моментов ја имаат Републиканците, се уште не е конечно решена.