Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Република Полска, Мариуш Бримора. Разговорот беше посветен на реализираните реформи, тековните активности на институциите и спроведувањето на реформската агенда, соопштија попладнево од кабинетот на Трајков.
– Трајков ги презентираше активностите за исполнување на реформските приоритети, со акцент на јакнењето на институционалните капацитети и усогласувањето со европските стандарди. Беше разговарано и за можностите за продлабочување на билатералната соработка и размена на искуства во областите значајни за реформскиот процес – пишува во соопштението.
Како што се додава, средбата ја потврдила важноста на континуираниот дијалог со земјите членки на Европската Унија и на партнерската поддршка во остварувањето на европската перспектива на нашата земја.

