Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Трајанова: Почитувањето на етичкиот кодекс претставува основа за конструктивни собраниски дебати во интерес на граѓаните

Во синоќешното издание на поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“ гостуваше пратеничката Моника…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во синоќешното издание на поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“ гостуваше пратеничката Моника Трајанова, која зборуваше на темата ,,Кодекс за етичко однесување на пратениците – само на хартија или реалност”, за моралните вредности кои треба да се почитуваат во законодавниот дом, притоа се осврна и на темата здравство со оглед на нејзината професија и познавањето на таа област, истакнувајќи дека оваа Влада прави бројни позитивни промени во здравствениот сектор.

,,Секоја една професија си има свој кодекс на однесување, парламентарниот состав брои 120 пратеници, сите ние сме со различна професија со различни политички убедувања, не сите колеги пратеници се придржуваат до принципите, имаме колеги кои користат ситуации за ситни политички поени, но нашиот мудар народ ги препознава и за жал сите тие обиди за искривување на вистината и за превртување на одредени ситуации во нивна полза поминуваат неуспешно. Би рекла дека доколку во Собранието сите ние го почитуваме етичкиот кодекс на однесување, ние пратениците би имале поконструктивни и попродуктивни дискусии коишто ќе бидат од интерес за сите граѓани”, вели Трајанова.

Пратеничката во поткастот стави акцент и на историското зголемување на капитациониот бод за матичните доктори, што воедно значи повисоки плати и помотивирани лекари.

Реклама

,,Исто така за поздравување е позитивната одлука за покачување на капитациониот бод на матичните лекари, на стоматолозите и на матичните гинеколози, каде што би рекла дека е покачување коешто не се случило досега во ниедна Влада. Позитивната одлука за вработување на приватните специјализанти, којашто е и те така многу значајна за секторот здравство, бидејќи на тој начин сите тие приватни специјализанти коишто ќе се вработат, веќе течат огласите во многу општини низ Македонија, во дел од општините се и завршени, во некои се во фаза веќе на реализација и на завршување. На тој начин сите здравствени установи ќе добијат специјалисти од различни области коишто биле дефицитарни во тие општини”, вели Трајанова.

Исто така таа се осврна и на стратешкиот договор со Велика Британија, како можност за реализација на многу проекти во здравствената област, односно инвестиции во корист на граѓаните.

,,Би сакала исто така да го спомнам и договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Велика Британија, каде што се потпиша еден договор за стратешко партнерство, кое опфаќа реализација на крупни проекти помеѓу кои не е изоставено и здравството во коешто се планира да се заврши со изградбата на Клиничкиот центар Штип, со изградба на нов Медицински факултет, студентски дом со околу 200 легла којшто ќе биде во склоп на Клиничкиот центар Штип, изградба на болницата во Кичево и во Тетово”, рече Трајанова.