Реклама
Прилози

Трагедијата во Кочани го менува системот: Нема веќе прогледување низ прсти, власта во војна со корупцијата

Згради, дуќани, ресторани, дискотеки, училишта, градинки, царина претресе илјадници камиони и возила.…

Сподели:

Згради, дуќани, ресторани, дискотеки, училишта, градинки, царина претресе илјадници камиони и возила. Од игла до локомотива, нема каде не влегоа и не исчешлаа документи, инспекторите од сите сфери на ниво на цела држава. Од пазарна инспекција, инспектори од градежништвото, финансиската полиција, па се до Дирекцијата за заштита и спасување, сите заедно со нивните упади по објекти и институциите, му направија рестарт на коруптивниот систем на Македонија. Според поранешниот антикорупционер Воислав Зафировски на државниот систем одамна му требаше ремонт. Тој забележува дека од клучно значење е тоа што Антикорупциска почна проверка на законите за угостителска дејност, заштита и спасување, инспекциски надзор и за локална самоуправа, па така ќе се превенира од можности за корупција.

Инспекторите на терен ќе се соочат со гнилотијата во сите институции. Конечно нешто да почне да се прави, забележува Зафировски.

И Царина ги засука ракавите. За седум дена направени се над 8000 контроли на на лиценци за вршење јавен превоз, сертификати на возачи, како и дозволи за превоз кои треба да ги поседуваат камионите и автобусите. 69 камиони се вратени назад поради утврдени неправилности. Царина поднела и три кривични пријави до обвинителството во Гевгелија заради фалсификување лиценци.

Реклама

Изминативе денови Владата направи преку стотина вонредни инспекциски надзори и привремена забрана за работа добија повеќе од 10 кафулиња и клубови. Инспекторите утврдија дека 15 фирми од вкупно 23 коишто имаат активна лиценца, не исполнуваат минимално-технички услови. И градежни инспектори одтавија неколку стотина фирми без лиценци.

Исто така и Заедницата на едициниците за локална самоуправа направи инспекциски контроли низ сите објекти од јавен карактер низ државата. Детално се проверуваат училиштата, градинките, спортските сали, домовите на култура, и сите места кадешто секојдневно се собираат групи на луѓе. Се проверуваат и  Младинските центри, спортските игралишта и салите дали ги исполнуваат највисоките безбедносни стандарди.

Инспекторите проверуваат дали во објектите има исправна против-пожарна опрема, хидранти, дали електричните инсталации се безбедни и соодветно одржувани и дали се поседуваат сите потребни документи и безбедносни елаборати.