Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Трагедија во Струмица: Позади склад за дрва пронајден починат матурант

Трагедија во Струмица. Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трагедија во Струмица. Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на шумското стопанство „Беласица“, на место „Крива река“, бил пронајден починат 19-годишниот М.А., матурант во едно од струмичките средни училишта.

Според обвинителката Виолета Милчовска, телото на момчето било предадено на обдукција и од досегашните наоди нема знаци на насилство и се чекаат токсиколошките анализи за да имаат појасна слика за причините за смртта. И од полицијата потврдуваат дека вчера околу 12 часот било пријавено дека во близина на Струмица, на необработена нива, било пронајдено безживотно тело. „Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција,“ се наведува во информацијата од СВР Струмица. Засега не се соопштуваат повеќе детали за смртта на момчето и како тоа завршило на локацијата каде бил пронајден.