Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Трагедија во Прилеп: Родила здраво машко бебе, по неколку дена починало на Детската Клиника во Скопје од сепса

Се породив во прилепската болница и родив здраво машко дете со 2.700…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се породив во прилепската болница и родив здраво машко дете со 2.700 g, за по една недела да ми кажат дека моето дете се разболело и почина, објави на Фејсбук викендов мајката Лиле Петровиќ. Опишувајќи ја детално агонијата низ која поминала мајката објаснува што точно се случувало по породувањето во прилепската болница.

  • Бев префрлена во болничката соба после пораѓај, а детето беше земено за испитувања на кои ми потврдија дека сé е во ред. По неколку часа го донесоа да го видам, беше едно од бебињата кое беше највесело, веднаш почна да цица и сé се чинеше во ред. По два дена ми беше кажано дека ќе го носат на зрачење од бебешка жолтица 6 часа и после тоа дека ќе ме пуштат дома. По 6 часа јас бев спремна да си одиме, дојде сестрата и ми кажа дека бебето ќе биде зрачено уште 6 часа за да не морало да се враќаме пак тука. Вечерта детето ми беше донесено само половина час и го зедоа. Што се случуваше таа вечер ќе остане секогаш мистерија, пишува мајката Лиле.

Што правеле сестрите кои биле оставени без доктор во цел оддел во текот на ноќта, вели мајката, останува енигма. По целовечерната голгота, во 5:30 наутро, дошла докторката која кога видела што се случува со бебето, почнала панично да реагира викајќи му на персоналот, раскажува мајката. Потоа сестрите ја информирале дека нејзиното бебе ќе мора да се испрати на Детската клиника во Скопје, со образложение дека таму имале подобри апарати.  Скопје поради жолтица и дека таму имале подобри апарати..

  • Го видов детето со кислородна маска за дишење (ДАЛИ НА БЕБЕ СО ЖОЛТИЦА СЕ СТАВА КИСЛОРОДНА МАСКА ЗА ДИШЕЊЕ?). Стигнавме на Клиниката за Детски Болести, и веднаш беше хоспитализирано на интензивна нега. Си заминав дома со празни раце. Дента на хоспитализирање ми кажаа дека е инфекција, а по два дена испитувања дека детето фатило тешка сепса и дека како такво било донесено од Прилепската Болница.

Детето ми го лечеа една недела на Скопската клиника, но не успеа да ја надмине болеста која му беше наследена од болничка негрижа на сестрите и докторите кои ги нема, вели мајката.

Реклама
  • Иако знам дека нема здравство има едно нешто, а тоа е Господ. Тој гледа се и тој ќе ви суди. Секој врисок на родителот и детски плач ќе ве мачи до последниот здив!

Директорката на Детската Клиника за Алфа рече дека бебето било донесено во теша здравствена состојба, и имало сепса. И покрај напорите да го спасат, вели, не издржало.

Од прилепската болница, за Алфа потврдуваат дека мајката била породена на 27 октомври, во здрава состојба и таа и детето. Направиле дополнителна анализа на мајката заради сознанија за претходна вагинална инфекција. Но резултатите биле сосема во ред. Сепса во одговород никаде не се споменува, туку само дека детето било ставено на зрачење заради жолтица.

  • Ноќта, однсоно утрото на 30 октомври во 04 часот, поради одбивање на новороденчето да цица и потешкотии со дишењето, од страна на медицинската сестра е повикан дежурен лекар. Земена е крв за анализи, поставена е инфузиона, двојна антибиотска терапија. Повикан е приправен лекар и во консултација со лекар од КДБ Скопје новороденчето во 07 часот наутро е испратено во КДБ Скопје на оддел за ИНТ за понатамошно доиследување и терапија, велат од прилепската болница.

Алфа ја контактираше и директорката на прилепската болница, Кети Смилеска. Ни рече дека ќе ни каже што точно се случувало, но до сега одговор нема. Само во последниве 6 месеци згаснале дури четири детски животи, за кои постои сомнеж дека станува збор за лекарска негрижа.

Борис Грујоски