Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Традиционални вкусови на Македонија на саем во Скопје

Сокови, сирупи, слатки, мармалади, мед, ајвар, путери. Домашни традиционални вкусови, подготвени со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сокови, сирупи, слатки, мармалади, мед, ајвар, путери. Домашни традиционални вкусови, подготвени со труд и љубов, беа изложени пред скопската публика на Саемот на македонска традиционална храна, организиран од Националната федерација на фармери.

На едно место се собраа 35 мали фармери и рурални производители од различни региони во земјава, а посетителите имаа можност да вкусат и купат традиционална македонска храна. Претседателот на Националната федерација на фармери, Стевче Јордановски, вели дека ваквите настани имаат клучна улога за промоција на производите и препознавање на малите бизниси.

„Ваквите саеми, мини саеми кои ние ги организираме наназад веќе неколку години, се од големо значење за нашите членови, малите земјоделци, малите оператори со храна бидејќи тука покрај тоа што тие можат да ги изложат своите производи и да ги продаваат, тука можат и директно да стапат во контакт со крајните потрошувачи, што е и многу битно за самиот пласман на нивните производи, да имаат купувачи.“– вели Стевче Јордановски.

Реклама

За производителите, ваквите настани не се само за продажба, туку и можност да се раскаже сопствената приказна.

„Со ваквите манифестации, саеми и настани ни овозможуваат како што кажа претседателот да си ги презентираме своите производи, да си ја кажеме својата приказна, можност за дегустација, на некој начин правиме и истражување на пазарот затоа што секој од нас развива свој производ.“– вели Емилија Пехческа, производител на сирупи и сокови.

Саемот е од големо значење и за младите земјоделци, продажбата за нив е огромен предизвик, но сепак велат дека маркетингот од овие настани има огромна улога.

„Голем предизвик е вклучувањето, но е добро што ваквите настани не мотивираат да се вклучуваат повеќе млади земјоделци во семејните бизниси. Потешко е да се произведе, но откако ке се произведе потешко е да се продаде. Најбитен е маркетингот, а овие настани влијааат најмногу врз маркетингот.“– вели младиот земјоделец од Ресен, Александар Транталовски.

Поддршката од државата и европските програми, според земјоделците, е значајна, но ваквите директни средби со потрошувачите се клучни.

„Државата ни помага со тоа што не субвенционира, добиваме субвенции, Ипард програмите постојат, и од тоа да речеме се добива помош.“– вели Александар Карафилоски.

Саемот се реализира со поддршка од Шведска и организацијата We Effect, во рамки на проект за организациски развој на Националната федерација на фармери и подобрување на пазарните врски за малите производители.

Производите од саемот, освен на вакви настани, граѓаните можат да ги најдат и преку онлајн платформите ефарм.мк и Македонско најдобро.